👁️  96

Додека студентите секојдневно треба да прават пресметки и да стравуваат дали ќе им стигнат 140 денари на ден за убав и квалитетен оброк, функционерите се “гоштеваат” штедејќи врз грбот на студентите, порачуваат од Стиденсткиот отпор.

-Иако имаат поголем стандард од нас студентите, иако си ги зголемија веќе високите плати за 78%, сепак функционерите одлучуваат студентите да гладуваат додека тие комотно седат на кожни фотелји без грижа и совест за студентите. Не е подобра ситуацијата во студентските домови. Студентите кои престојуваат таму, се жалат дека соочуваат со низа проблеми кога е во прашање храната, укинат им е појадокот, често наоѓаат инсекти во оброците, минатата година студентите од Студентскиот Дом Пелагонија се затруја со храна, велат студентите.

На функционерите им порачуваат: “Ајде да го замениме нашиот сув и бајат леб за вашите функционерски оброци!”

Студентски Отпор будно ќе ја следи ситуацијата во наредниот период.