👁️  103

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а на планините и на повисоките места локално ќе провејува слаб снег.

Ќе дува засилен до силен северен ветер, на повеќе места со брзина и над 70 километри на час. Температурата ќе се движи од минус 3 до 10 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и ветровито со засилен северен ветер и температура до 8 степени.