👁️  516

Страв и паника владее и денеска меѓу родителите, учениците и вработените во три града во Македонија и тоа Скопје, Тетово и Битола.

Од МВР за Прес24 информираат дека досега во СВР Битола, СВР Скопје и СВР Тетово e пријавено дека на електронските адреси на  повеќе училишта во градовите пристигнале закани за поставени бомби.

„Во Битола (до сега едно училиште), Тетово (до сега две училишта) и Скопје (до сега седум училишта) е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, изјавија од МВР.