👁️  4807

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на златиборската магистрала утрово во 5 часот и 30 минути загинаа четири млади момчиња од Ужице: возачот В.М.(27), сопатниците С.Џ. (21) и У.Д.(22), додека идентитетот на четвртото лице се уште се утврдува.

Сите жртви биле во џип со регистарски таблички БМВ на словенечкиот град Копар, а обвинителството потврдило дека се од Ужице.

Како што објавија српските медиуми, несреќата се случила кај Сурдук, на патот од Ужице кон Златибор. Неофицијално се дознава дека загинатите млади момчиња поради непрописна брзина удриле во карпата покрај патот, поради што автомобилот се превртел.

Сообраќајот на таа делница беше во прекин до 7:50 часот.