👁️  1524

Двегодишно девојче било пронајдено без знаци на живот во базенот пред нејзината куќа во селото Жач во косовската општина Исток, потврдил портпаролот на полицијата во Пеќ, Фадиљ Гаши, пренесува Репортери.

Портпаролот на полицијата Фадиљ Гаши изјави дека државниот обвинител наредил телото на девојчето да биде испратено на обдукција.

– Денеска по 12 часот двегодишно девојче било пронајдено мртво во базен од нејзиното семејство. Лекарот во Центарот за семејна медицина во Исток констатирал смрт. Полицијата излезе на местото на настанот, обвинителот нареди телото да биде испратено во Институтот за судска медицина – рече Гаши.