👁️  26

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска пристигна во ненајавена посета на Киев, од каде изјави дека украинските сили постепено освојуваат територии во контраофанзива против руските сили.

Зборувајќи на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Столтенберг кажа дека руските сили се борат за „империјалните заблуди“ на Москва, пренесоа британските медиуми.

Столтенберг наведе дека НАТО сега има големи рамковни договори со компании за производство на оружје во вредност од 2,4 милијарди евра за муниција, вклучувајќи и милијарда евра во цврсти нарачки.

Тој рече дека таквите договори ќе им овозможат на членките на НАТО да ги надополнат своите исцрпени залихи, додека ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со муниција.

Столтенберг, исто така, ги осуди руските воздушни напади во близина на украинската граница со Романија, која е членка на НАТО. Тој додаде дека нема докази дека овие напади биле намерно насочени кон Романија, но тој нагласи дека тие биле „непромислени“ и „дестабилизирачки“.