👁️  61

Генералниот секретар на НАТО – Алијансата, Јенс Столтенберг пристигна во Скопје, а добредојде на Меѓународниот аеродром во Скопје му посака министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Добредојдовте во Македонија, посветен и докажан сојузник во Алијансата. Почестени сме што во македонскиот главен град ќе се реализира заедничката средба со лидерите на Македонија и сојузниците – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Тоа покажува дека НАТО ја цени улогата на Македонија како сојузник и важен столб стабилност во Западниот Балкан, рече министерката по пречекот на генералниот секретар на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

Посетата на генералниот секретар на Алијансата, Столтенберг на Македонија е во рамките на неговата четиридневна посета на Западниот Балкан. вг/са/

Фото: МО