👁️  1923

Алијансата смета дека авионите и силите на НАТО не треба да се се најдат во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Како што вели, на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО било споменато и прашањето за забрана за летање над Украина, но тоа не го поддржува Алијансата.

„Сојузниците се одговорни да обезбедат ескалацијата да не оди подалеку од границите на Украина. Ќе биде уште поопасно, подеструктивно, ќе донесе повеќе страдања. „Јасно ставивме до знаење дека немаме намера да се бориме во Украина, ни во воздух ни на земја“, посочи тој.