Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација се подготвува за претквалификациите за Олимписките Игри во Париз, а на групата од вчера и се приклучија Војдан Стојановски и Ненад Димитријевиќ.
Кога е во прашање селекцијата лошо е тоа што Виктор Ефремоски има повреда на ногата, па селекторот Јончевски се одлучи да го приклучи Марко Миловановиќ.
Во тренажен процес одново е и центарот Теодор Симиќ, па во моментов Александар и неговите соработници Василев и Велев, сметаат на вкупно 11. кошаркари.
Инаку на турнирот во Талин ќе играме против Чешка, Израел и Естонија.