Стручниот штаб и селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ го објави списокот на ракометари за настап на претстојното Светско првенство во Хрватска, кое ќе се оддржи во период од 2 до 13 август годинава.
Кадетската машка репрезентација е дел од групата Ф која се игра во Ријека, Хрватска заедно со репрезентациите на Норвешка, Црна Гора и Грузија.
Во главната фаза од натпреварувањето продолжуваат најдобрите две репрезентации од групата, а групата Ф вкрстува со групата Е, во која се репрезентациите на Данска, Австрија Чиле и Мексико.
Во Президент Куп од натпреварувањето продолжуваат трето и четвртопласираната репрезентација во групата, а групата Ф вкрстува со групата Е, во која се репрезентациите на Данска, Австрија, Чиле и Мексико.