👁️  12

Граѓаните живеат се посиромашно и потешко, а главните виновници СДС и ДУИ тоа воопшто не ги интересира. Во Македонија со оваа власт повеќе нема перспектива и нема иднина, ниту за младите, ниту за повозрасните, вели Бојан Стојаноски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-Еве зошто е тоа така. На денешната пленарна седница, Владата предводена од СДС и ДУИ предлага измени на Законот за додадена вредност со што веднаш по неговото стапување во сила над 4000 прехранбени производи ќе поскапат за минимум 5% или 13%. Токму поради оваа таканаречена даночна реформа на власта, инфлацијата во Македонија уште повеќе ќе расте, а квалитетот на животот на граѓаните ќе биде уште полош. За апсурдот да биде уште поголем, оваа Влада веќе извесен период ја крие и избегнува да ја објави листата на производи кои што ќе бидат опфатени со оваа даночна реформа. За потсетување, таканаречената „транспарентна“ Влада предводена од СДС и ДУИ уште во декември минатата година објави дека ја подготвува оваа листа на производи, но таа никогаш не го виде светлото на денот, рече тој.

Стојаноски посочи дека повторно, во јули оваа година Ковачевски го каже истото и повторно излажа.

-Дури и денес кога мнозинството треба да ги гласа овие измени, листата се’уште ја нема. Значи пратениците од мнозинството ќе гласаат за зголемување на даноци, без притоа да ја видат листата на производи. Срамно и неодговорно.  Во изминатиов период, Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, нудеше мерки и поднесуваше амандмани со кои ќе се замрзнеа цените на производите во маркетите, со кои што ќе се намалеше ДДВ-то на електричната енергија и огревното дрво за домаќинствата, но и тоа владата на СДС и ДУИ без око да им трепне, го одбиваше. Од оваа говорница ја повикуваме и бараме од Владата конечно да ја објави листата на прехранбени производи се со цел ние пратениците, а и целата македонска јавност да види и да знае кои основни прехранбени производи ќе добијат покачена и повисока цена.  Бараме транспарентност и отчетност кон граѓаните бидејќи токму тие се жртвите на деструктивната и катастрофална економска политика на оваа власт предводена од СДС и ДУИ, рече Стојаноски.