👁️  33

„Да имавме луѓе со морална чест и доблест уште во саботата ќе расправавме за оставка на владата. Да имавме претседател со чест и доблест ќе дојдеше да ни се обрати. И конечно да имавме владејачко мнозинство со чест и доблест, денес сите заеднички ќе се сложевме да расправаме по една друга пленарна седница, со единствена точка на дневен ред – за болните од рак на Онкологија. За жал ништо од ова нема, а проблемите само се таложат“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница.

На седницата, како што рече таа треба да се зборува за скандалот на Онкологија а не да се подметнуваат закони со европски знамиња. Стојаноска исто така реагираше и на постапката на Џафери за незакажување на седницата за уставните измени.

Како стоите мирно денес тука, ги праша пратеничката Стојаноска, собранискиот спикер Талат Џафери и владејачкото мнозинство, алудирајќи на скандалот со Онкологија.

„Многу добро ни е јасно зошто нема да свикате седница за уставните измени, можеби и до крајот на вашиот мандат. Но многу се плашам, дека до крајот на вашиот мандат, ќе ви се случат уште многу несреќи заради вашата небрежност и однесување“, кажа Стојаноска.

Револтирана за скандалот со Онкологија и незакажувањето на седницата за уставните измени, Стојаноска од собраниската говорница упати порака до владејачкото мнозинство да запрат со овој филм, бидејќи надвор има реалност, надвор се случуваат ужасни настани а вие ќе си гласате закон за да се амнестирате.