👁️  33

Американскиот стратег Стив Кер се осврна и на другите ривали на Мундобаскетот и ја истакна Србија како исклучително силен и сериозен тим, од кој треба да стравуваат сите противници.

„Одигравме одличен меч и мислам дека дефанзивно ова беше најдоброто наше издание досега. Момчињата ги заслужуваат сите пофалби, затоа што одиграа брилијантно. Одиме натаму и се фокусираме на полуфиналето. Повеќе нема слаби противници и сите можат да стигнат до златниот медал.

Одличен впечаток ми остави селекцијата на Србија. Погледнете како играат без двете главни ѕвезди во тимот. Уште еднаш се потврдува фактот дека со добра организација и „хемија“, секој може да биде успешен. Ако не се лажам, Србија не беше ниту во првите десет фаворити пред почетокот на турнирот, но видете до каде стигнаа. 

Ние можеме многу да научиме од нив. Некогаш сме полежерни во одбраната, а денес токму силната дефанзива ѝ дозволи на Србија да ја уништи Литванија. Мора да продолжиме во сличен ритам и да бидеме уште поцврсти. Остануваат уште малку натпревари, блиску сме до целта и сакаме да ја оствариме“, заклучи Стив Кер.