👁️  19

Во денешната емисија „За или Против“ на Алфа ТВ гостуваше градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски кој што истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е обединето и истакна дека дава целосна и безрезервна поддршка на претседателот Мицкоски се до конечната победа на парламентарни избори.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија на македонското национално единство, јас покрај тоа што сум градоначалник сум и претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба и она што сакам да го кажам е дека во партијата во моментот владее целосно единство, односно раководството изминатиот период докажа дека е на правилниот пат а доказ за тоа се резултатите од локалните избори на кои што ВМРО-ДПМНЕ освои повеќе од 40 градоначалници но за тоа говори и фактот дека во собранието ВМРО-ДПМНЕ ја има најбројната група. Во таа насока давам целосна и безрезервна поддршка на претседателот Мицкоски да продолжи да ја води партијата до парламентарните избори каде што ВМРО-ДПМНЕ ќе издвојува убедлива победа“ нагласи Стефковски.

Стефковски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е обединето и се фокусирани на изработката на стратегијата и изработката на програмата со која што ќе настапат на парламентарните избори бидејќи тоа е она што граѓаните го очекуваат а ВМРО-ДПМНЕ е секогаш на страната на народот.

„Она што сакам да го соопштам е дека во моментот во партијата повеќе сме фокусирани на изработката на стратегијата на изработката на програмата со која што ќе настапиме на парламентарните избори бидејќи тоа е она што граѓаните го очекуваат а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страната на народот и секогаш ВМРО-ДПМНЕ има политики со кои што се решаваат егзистенцијалните проблеми на граѓаните“ истакна Стефковски.