👁️  47

Српскиот кошаркар Стефан Јовиќ се враќа во Евролигата и ќе настапува за тимот на Валленсија, потврди клубот на својата официјална страница.

Управата на шпанскиот клуб објави дека Јовиќ се обврзал на двегодишна соработка и се очекува тој да биде големо засилување за предизвиците во новата сезона.

Србинот веќе ги мина задолжителните лекарски прегледи и го одработи првиот тренинг со новите соиграчи.

Стефан Јовиќ беше еден од најдобрите поединци во составот на „орлите“ на неодамна завршениот Мундобаскет, а ова за него ќе биде втор ангажман во Шпанија, откако претходно настапуваше за тимот на Сарагоса.