Ставен е под контрола пожарот во Неготинско, потврди вечерва за МИА, градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

– На терен делуваа неготински и кавадаречки пожарникари, а и дождливото време помогна. Има дежурни пожарникари на лице место и ќе се следи состојбата, додаде Стојанов.