👁️  320

Одредени банки во Србија ги заострија критериумите и условите за одобрување кредити. Неодамна еден клиент бил одбиен затоа што обложил. Банките ги провериле неговите трансакции и увиделе дека има исплата на добивка од обложувалници а и онлјан кладење.

– Легитимно право на банката е да не одобри заем на клиент што го смета за ризичен. Па, ако не сте знаеле, банката може да одбие барање за заем поради обложување, дури и ако се исполнети сите други услови – се наведува во публикацијата „Ефективно“.

Тие наведуваат дека решението е да се отиде во друга банка која нема да има увид во трансакциите на претходната сметка и таму да аплицира.