СРЕДБА ТОШКОВСКИ – ШПИНДЕЛЕГЕР: Интензивирање на соработката во сузбивање на илегалната миграција и зајакнувањето на граничната полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД Михаел Шпинделегер.

Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, на средбата било разговарано за приоритетите и претстојните активности кои ги презема МВР од аспект на справувањето со илегалната миграција и воопшто зајакнувањето на капацитетите на граничната полиција да одговори на предизвиците кои таа ги носи.

Состанокот, додаваат, завршил со взаемно изразена желба за интензивирање и развој на соработката помеѓу МВР и Меѓународниот центар за развој на миграциски политики.