👁️  516

Војската на Србија поставила топови и хаубици на границата со Косово кај Јариње.

Војската на Србија во копнената безбедносна зона, во близина на административниот премин Јариње со Косово денеска стационираше неколку топови и хаубици од голем дострел, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот Нова.рс распоредувањето на артилериско оружје уследило откако началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ синоќа итно се упатил кон Рашка.

Рафално пукање имало во Зубин Поток на Косово, а некои медиуми изјавија дека имало размена на оган меѓу локалните Срби и косовската полиција. Косовската полиција објави дека немало инциденти меѓу нејзини припадници и било каква група на северот на Косово.