👁️  677

Премиерот на Република Косово, Албин Курти, на прес-конференција по состанокот на косовската Владата, зборуваше и за ослободувањето на Дејан Пантиќ во домашен притвор, пренесуват косовските медиуми.

Курти изрази несогласување со ваквата одлука на Основниот суд во Приштина, велејќи дека би бил многу љубопитен да дознае кој е обвинителот кој побара промена на мерката притвор во куќен притвор и кој е судијата што ја одобрил бидејќи Дејан Пантиќ е обвинет за тероризам, пренесуват косовските медиуми.

„Но, кога имаме обвинение за тероризам и потоа да бидеш пратен во домашен притвор…, многу сум љубопитен да дознаам кој е обвинителот кој побара куќен притвор и кој е судијата на претходна постапка што го одобрил“, рече Курти пред новинарите.

Основниот суд во Приштина денеска потврди дека е променета мерката за безбедност на поранешниот српски полицаец Дејан Пантиќ. Пантиќ, кој беше во притвор, веќе е сменет во домашен притвор.

Ослободувањето на Дејан Пантиќи е првото барање на Србите од северот на Косово кои во знак на протест подигнаа барикади на повеќе места, каде што се и до ден денес.

Барањето за ослободување на Пантиќ јавно го соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Останува дилемата дали ќе бидат остранети барикадите поставени на северот од Косово, нешто што и ЕУ и САД побараа да се отстранат.