Одбојкарките на Србија и на Турција се пласираа во финалето на Европското првенство во одбојка.
Српските одбојкарки вечерва ја совладаа Холандија во полуфиналето со 3-1 (во сетови 25:21, 15:25, 25:22 и 25:22), па во финалето ќе се борат против Турција.
Турските ракометарки во полуфиналето ја победија Италија со 3-2 (18:25, 25:23, 15:25, 25:22, 15:6). Тоа ќе биде реприза на финалето во Анкара во 2019 година.
Финалето се игра во Брисел во недела во 20:30 часот.