👁️  12

Царината конфискуваше државни обврзници во вредност од 92 милиони американски долари. На Меѓународниот аеродром во Скопје, царинските службеници заплениле 184 вредни хартии од по 500 долари. Обврзниците биле пронајдени кај турски државјанин, кој слетал од лет за Истанбул. Осомничениот, не пријавил ништо на царина, но преку скенер било откриено дека носи нешто во чантата. Директорот на Царината Стефан Богоев рече дека хартиите од вредност се еден од инструментите за перење пари.

Директорот Богоев рече дека истрагата продолжува со отворање на финансиска истрага за целосно расветлување на случајот со докази за можна измама и спречување на перење пари. Од Царинската управа велат дека се залагаат за спречување и борба против шверцот, финансискиот криминал и нелегалната трговија. По завршувањето на судската постапка, со пресуда на Основниот суд Скопје одземени се сите државни обврзници, додека на осомничениот му е изречена парична казна согласно Законот за девизи. Хартиите од вредност ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Ова е рекордна заплена на обврзници кај нас.