Според Шојгу, украинската контраофанзива е „целосен неуспех“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска оцени дека украинската контраофанзива е целосен неуспех, но додаде дека ситуацијата во дел од регионот Запорожје, што е под руска контрола, е тензична, јавија западни медиуми.

-Вооружените сили на Украина не ги постигнаа своите цели на ниту еден фронт“, рече Шојгу. – Ситуацијата е најтензична на фронтот во регионот Запорожје“ додаде тој. – Непријателот активираше бригади од своите стратешки резерви чии војници се обучени од западни инструктори“, појасни рускиот министер.