Белградски Партизан го претстави тимот за следната сезона и одигра пријателски натпревар против шпанска Фуенлабрада, кој убедливо го доби со резултат 93-63.
„Гробарите“ и останатите навивачи беа воодушевени од изданието на своите миленици, а најголеми импресии добија новите странски засилувања, Френк Камински, Пи Џеј Доузер, Огњен Јарамаз и Матеуш Понитка. Новите аквизиции на „црно-белите“ беа во делириум од атмосферата што ја создадоа навивачите и првпат ја почуствуваа жестокоста со која српските фанови навиваат за кошаркарскиот гигант.
Натпреварот се одигра под отворено небо, во паркот „Ташмајдан“, и беше вистински спектакл за сите присутни. Партизан уште на почетокот покажа дека е мотивиран и уште по првото полувреме водеше со 20 поени разлика, а на крајот резултатот беше 93-63.
Кевин Пантер беше најдобар кај победничкиот тим со 14 поени, а еден помалку додаде Полјакот Камински.
Тренерот Жељко Обрадовиќ беше задоволен од изданието на неговите играчи и рече дека „резултатот од овој меч е најмалку важен, затоа што е дел од подготовките за новата сезона“. Партизан одново има силен тим и годинава повторно ќе се обиде да стигне до самата завршница во Евролигата, каде лани во четвртфиналето беа спречени од актуелниот шампион, Реал Мадрид.
извор: gol.mk