👁️  600

Во пресрет на новото машко Светско првенство на кое Македонија повторно ќе настапува, во јануари 2023 во Полска и Шведска, како најава и загревање на ракометниот јануари ќе има ревијален меч меѓу некогашните репрезентативни ѕвезди и генерацијата што доаѓа.

Мечот треба да биде и официјално простување за некои од досегашните ѕвезди кои досега немаа таква чест, а веќе се „пензионери“.

Генерацијата 2009 година која го скрши мразот по десетгодишна пауза, заедно со оние што настапија 2012 и го постигнаа најголемиот репрезентативен успех, 5. место на ЕП во Србија, ќе игра со тимот што треба да ги продолжи тие стапки и ќе игра на СП сега.

На теренот би требало да се најдат Кире Лазаров, Раде Стојановиќ, Ванчо Димовси, Филип Лазаров, Стевче Алушовски, Филип Миркуловски, Стојанче Стоилов, Наумче Мојсовски, Влатко Митков, Петар Ангелов, Борко Ристовски, Влатко Темелков, Митко Стоилов, Ацо Јоновски, Бранко Ангеловски, Горан Ѓоргоновски, Велко Маркоски, Златко Мојсоски, Дејан Пецаковски, Гоце Макалоски, Владо Недановски, Златко Даскалоски, Александар Јовиќ…и да одиграат натпревар против Жарко Пешевски, Никола Митревски, Мартин Томовски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Гоце Георгиевски.

На клупата би требало да бидат Илија Темелковски и Звонко Шундовски зад чие име стојат успесите кои постојано ќе се споменуваат.