👁️  159

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека за него како човек и политичар најважно е за претстојните двојни избори, партиските органи да го изберат најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници.

Тој денеска одговарајќи на новинарски прашања на маргините на владината годишна конференција „Година на европски можности“, посочи дека исто толку важно е и да се подготви добра изборна платформа, која ќе го претставува проевропскиот блок, кој има јасна визија и стратегија, каде треба да се движи државата.

Спасовски на прашањето дали има поддршка во СДСМ за кандидат за претседател и доколку има дали ќе прифати да учествува во трката рече постаката е во тек во месните одбори, општинските организации, дека во моментов нема увид за процесите и оти кога целата постапка ќе заврши партиското раководство ќе ги сумираат и претстави во јавноста одлуките, кои ќе бидат донесени.

-За мене мене како човек и политичар најважно е да се одбере најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници и второ да се подготви добра изборна платформа, која ќе го претставува проевропскиот блок, кој има една јасна визија и стратегија каде треба да се движи државата и што е тоа што треба да направиме визави немањето концепт од страна на опозицијата, затоа што битката на овие избори ќе биде токму во тој правец, така што личните судбини, амбиции, интереси, посебно сега во овој момент не можат да бидат во прв план, изјави Спасовски.

За тоа кој ќе го замени на министерската позиција во техничката влада, со оглед на тоа што министерот за внатрешни работи го предлага опозицијата, Спасовски рече дека тој не ги носи одлуките во другите партии и како што рече, отприлика знае кој ќе биде, но дека тоа официјално да биде соопштено.