👁️  131

Нека е за многу години Денот на албанската азбука, се вели во честитката од министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

– Почитувани сограѓани Албанци, дозволете ми во свое и во име на МВР да ви го честитам Денот на албанската азбука, празник кој има голема важност за сите Албанци, како доказ дека јазикот и писмото се мостови до другите заедници, традиции, култури и духовни наследства. На 22 ноември 1908 година во Битола заврши заседавањето на учесниците на Битолскиот конгрес, истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот, кои едногласно прифатија одлука за унифицирана албанска азбука. Параскеви Киријази, единствената жена која учествувала на Битолскиот конгрес и која подоцна го напиша првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден, вели во честитката објавена на Фејсбук.

Натаму Спасовски додава:

– Албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма и дел од разноликото светското културно наследство. Впрочем, токму на тоа нè повикуваат и европските вредности, како наши вредности воспоставени со концептот едно општество за сите – солидарност, соживот, меѓусебна почит. Обединети во различностите продолжуваме на патот на нашата интеграција во Европската Унија! Нека е за многу години Денот на албанската азбука, објави Спасовски на својот официјален профил на Фејсбук.