👁️  12

Едно од имињата кои се споменуваат како кандидат за претседателската трка идната година од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е поранешниот пратеник и универзитетски професор Александар Спасеновски.

Тој беше во „Клик Плус“ на ТВ21 и одговори на прашањето дали е тој на листата на кандидати.

„Мислам дека е рано за било каков одговор. И натаму постојат голем број непознаници со изборите, со карактерот, дали ќе бидат одвоени, и со оглед дека маглата не е расчистена, многу е рано да дадам одговор. Дали би прифатил? Не би можел да се изјаснам во оваа фаза“, вели Спасеновски.