Летонија приреди втора сензација на Светското првенство и оствари огромна победа над „фуријата“, остварена со резултат 74:69. Шпанија имаше предност на полувреме, отиде и со двоцифрена позитива во третата четвртина, но Летонците покажаа завидна упорност и на крајот беа наградени за тоа.
Аутсајдерот покажа импресисвен карактер и со борбен тимски дѕх се врати во игра, па така во последните десет минути режираше фантастичен пресврт и добивајќи го овој период до 27:11 му зема скалп на еден од фаворитите за највисок пласман.
Бертанс со 16 поени беше лидер во победничкиот тим, но имаше огромна поддршка и од Куруч со 13, како и Гражулис и Шмитс со 11 поени.