Со победата од 101:78 во дуелот против Ангола, кошаркарите на Јужен Судан стигнаа до историски успех и дебитантски пласман на олимпискиот турнир во Париз.
Дебитантот на мундијалите првото учество на едно големо натпреварување го заврши со три победи и два порази и само малку недостасуваше да се пласира во главната рунда од Светскиот куп.
Јужен Судан на овој шампионат има најдобро постигнување од сите земји учеснички од африканскиот континент и тоа му го донесе дебитантскиот настап на Олимписките игри.
Покрај Јужен Судан учество во Париз обезбеди и репрезентацијата на Јапонија, која денеска триумфираше над Зеленортските острови со 80:71.