👁️  124

Нацрт-резолуцијата поднесена од Русија до Советот за безбедност на ОН, со која се повикува на хуманитарен прекин на огнот во конфликтот меѓу Израел и Хамас, денеска не ја доби поддршката од потребниот минимум од девет земји-членки во 15-члениот совет.

Руската нацрт-резолуција доби пет гласа за, четири против, а шест земји членки беа воздржани од гласање.

Русија во петокот ја понуди оваа нацрт-резолуција од една страница, која исто така повика на ослободување на заложниците, пристап до хуманитарна помош и безбедно евакуирање на цивилите.

Текстот го осудува насилството врз цивилите и сите терористички акти, но не го наведува конкретно Хамас.