👁️  26

Честитки за храброста која денес ја покажа Стевчо Јакимовски. Конечно, импонира неговата одлука да покаже дека не се крие дека одработува за СДССМ и го симна актерскиот “веризам” за лажен опозиционер. Денешното отворање на новиот објект на најстарата градинка во државата „Орце Николов“ во скопски Карпош, ја потврди релацијата на Стевчо и Владата предводена од Артан Груби и заменикот Ковачевски и нивните пазарни релации. Воедно, се надевам дека идентична доблест и храброст ќе покаже и лидерот на Левица и ќе се фотографира со заменикот Ковачевски или со Талат.

Доколку ве збунив со Талат и “лидриштево” од Левица, да ве информирам дека гореспоменатиов тандем според утврдено сценарио, ЈАКО го напаѓа собранискиов спикер, а јавноста му аплаудира, ги апострофира неговите реплики и милозвучноста ја шерува во бесконечни web граници. За македонската кауза ТОЈ, “лидериштето” ќе се пресмета и физички со спикерот ако треба. Но, дилот е ТОЈ, супериорниот Апасиев да стане супер Facebook херој и да направи огромна штета на коалицијата за обнова на Македонија, предводена од ВМРО.

Впрочем, наградата за неговата посветеност кон СДССМ е евидентна веднаш по шарената револуција кога беше богата награден со позиција во Специјалното обвинителство, а потоа и со регистрирање на Левица, а со силна финансиска потпора на СДССМ. Го помните Заев, лут и нервозен кога кажа дека ги финансирал?

Набрзо очекувам дека многу маски ќе паднат и секојдневно ќе се соочуваме со вистински СУРАТИ,пишува на социјалната мрежа на Фејсбук советникот во Град Скопје Петар Милетиќ.