По покана од Здружението за европска интеграција „Европска гледна точка“, претставници од УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола присуствувавме на денешната втора по ред обука на тема „Развој на претприемачки вештини кај млади од ранливи категории со примена на виртуелна реалност“.

За време на обуката младите учесници имаа можност да се запознаат со различни типови на ВР, вовед во алатки и ресурси на апликации во ВР, вовед во Unity, вовед во Blender, развивање на едноставна ВР апликација (кодирање, интеграција) во Unity и интегрирање во ВР уред.

Како младинска организација, отворени сме за соработка со сите здруженија кои сакаат да придонесат во едукацијата и подобрување на животот на младите во нашата татковина Република Македонија, стои во соопштението на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.