Сончево со локална облачност и температура до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево и малку посвежо со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.

Во Скопје, претежно сончево и малку посвежо. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.