👁️  12

Времето денеска сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени. UV=6

Во Скопје ќе биде претежно сончево со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време. Од петок во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.