👁️  1195

Социјалните мрежи „вријат“ откако самопрогласениот исцелувач Константин Тино Кајшаров го најави својот настан во Скопје, претстојната сабота.

Имено, во неговата обајава на Фејсбук се наведува дека оваа сабота во Скопје од 18 часот ќе организира „ослободување од демони, од проклетства и маѓии“. Каде не е познато, но има оставено телефонски број на кој секој заинтересиран може да се пријави, а овој перформанс е бесплатен.

Покрај оваа информација тој сподели и видео од праксата на „истерување демони и нечисти сили“.

Неговата објава предизвика голема дискусија на социјалните мрежи.

Контроверзниот надрилекар кој своевремено беше пејач, биоенергичар, кинезитерапевт и познавач на фреквенциите, пастор и што ли уште не предизвика лавина реакции, па така многумина се чудат како и вакво нешто излегло во јавност.

Многумина предупредуваат дека, иако пишува дека настанот и лекувањето е бесплатно, тој ве навлекува и дебело наплаќа за сеансите.

-Измамникот и предводникот на секта! Се што е надвор од црквата, а врши такви дејности како Тино е религиозна секта! Кои будали се лажат кај него да одат да им ги пере мозоците јас навистина не знам…а ги има многу..за жал!

-Кај главата им ја празни па и паричникот. Колку што имам наслушнато по 3000 денари од сесија им земал. Ама си нашол овци, нека ги стрижи.

-Исцелител со плацебо ефект, би му додала ваков назив, наместо мастер Константин како што самиот се нарекува.

-Парите се уплаќале авансно на жиро сметка. На многумина кои имаат мака, им земал големи суми. Ама возрасни сте си знаете дали треба и мора да верувате во вакви работи.

Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи откако беше објавена покана за овој настан паралелно со видео снимките од „исцелувањето“, пренесува СкопјеИнфо