👁️  19

Во Собранието денеска се закажани седници на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, според информациите објавени на веб страницата на Собранието, е Предлогот за избор на судија на Уставен суд. Согласно објавените информации на страницата на Собранието, за судија на Уставен суд е предложена Ана Павловска-Данева.

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се четири предлог-законски решенија – Предлог-законот за помилување во прво читање, Предлог законот за дополнување на Државното правобранителство по скратена постапка, Предлог-измените на Законот за Народен правобранител и Предлог измените за Законот за извршување на санкции, двата во прво читање.

Четирите закони кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците треба да бидат разгледани и на Законодавно-правната комисија.

Како што објавивме, од вчера од кандидатската листа СДСМ го отпиша доскорешниот државен јавен обвинител Љубомор Јовевски, а сега на кандидатската листа е поранешната потпретседателка на се уште владејачкиот СДСМ и поранешна пратеничка од оваа партија.

Фото: МИА архива