👁️  40

Македонската фудбалска репрезентација оствари важна победа од 3-0 на гостувањето кај Летонија и останува на првата позиција во својата група од фудбалската Лига на Нации.

Избраниците на Благоја Милевски имаа целосна контрола врз играта во текот на речиси цел натпревар, покажаа повеќе на теренот и заслужено ги освоија бодовите во Рига.

Димитриевски ќе постигнеше сензационален погодок од гол на гол уште во 3. минута, а по неколку дополнителни обиди, резултатот го отвори Атанасов во 35. минута, по акцијата која ја започна Елмас, а ја продолжи Миовски на кого му е запишана асисстенција.

Ќамили се снајде одлично во противничкиот шеснаесетник во 70. минута за обезбедување 0:2 и посигурна ситуација за нашите најдобри фудбалери.

До крајот нашата репрезентација го дотолчи противникот со атрактивен погодок на Елиф Елмас во 93. минута. Нашиот репрезентативец испрати бомба од петнаесет метри и го остави без решение летонскиот репрезентативен голман за конечни 0:3.

Македонија сега има 7 бода и е прва во групата, а по три дена гостува кај Ерменија во Ереван.