СО ШТИТОТ ИЛИ НА НЕГО: Коцевски игра по нотите на СДС за заштита на функционери фатени во криминали, обвини Петрушевски

Главниот обвинител Љупчо Коцевски буквално ја применува пораката „со штитот или на него“ која СДС му ја упати од Собрание, наместо на народот и служи на партијата, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата:

Главниот обвинител Коцевски досега играше по нотите на СДС, истото ќе продолжи и во периодот кој следи, а тоа е заштита на сите функционери од СДС фатени во сериозни криминали од одговорност.

Очигледно е дека главниот обвинител Коцевски нема да си даде оставка, и дека тој избрал улога на маша во рацете на СДС. Но тој треба да знае дека одговорност за тие кои сега ги штити ќе има и ќе дојде, но исто така треба да знае дека и за секое негово незаконие на кое ќе се дрзне одговорност ќе има.

Се што до сега било направено, но и од сега ќе биде ревидирано во иднина.


Жално е само што главниот обвинител Коцевски целосно се стави во улога на заштитник на СДС и реши своеволно да го срамни со нула интегритетот на обвинителството.

Ние знаеме дека не сите обвинители се Љупчо Коцевски, дека голем дел имаат интегритет и знаење, само од партиски истурените не дошле во преден план, затоа ги охрабруваме да си ја вршат работата, без разлика од насоките или притисоците. А одговорноста за сите криминалци и тие кои ги штитат доаѓа.