👁️  19

Со СДС и ДУИ и оваа година ниту еден универзитет од Македонија не е во првите 1.000 на Шангајската листа, образованието тоне, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека универзитетите од регионот напредуваат на листата најдобри универзитети, од Македонија нема ниту еден универзитет во првите 1.000.

СДС е партијата која ветуваше подобар студентски стандард, подобри услови за студирање, квалитетно образование, студентски град и што ли уште не. Шест години подоцна ништо од тоа што ветуваа не исполнија, напротив и тоа што беше добро и функционираше го упропастија.

Младите се повеќе си заминуваат од државата затоа што системот целосно пропаѓа. Потребен е рестарт и нови политики кои ќе донесат промени и резултати, додав аат од партијата.