Германија денеска се подготвува за обилни снежни врнежи и голомразица, што се очекува да предизвика проблеми во сообраќајот, јави ДПА.

Според прогнозите на германската метеоролошка служба, состојбата ќе биде особено тешка во централните и јужните делови на земјата.

Аеродромот во Франкфурт очекува денеска да бидат откажани голем број летови. Аеродромот Сарбрикен дури вчера соопшти дека ќе ги откаже сите летови закажани за денеска.