👁️  117

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска ја прекина комуникацијата со четири водечки медиуми откако ги обвини дека не известуваат вистинито.

Фицо минатиот месец стана премиер по четврти пат, предводејќи ја левичарско-националистичката коалиција по изборите на кои ги нападна либералните политичари, западните сојузници на Словачка и медиумите кои го критикуваат него и неговата партија СМЕР.

Тој поднесе оставка пред пет години поради големите улични протести поради убиството на новинарот Јан Куцијак, кој истражуваше политичка корупција.

Фицо денеска рече дека весникот и онлајн порталите за вести Dennik N, Aktuality.sk – во кои работел Куцијак – како и SME и TV Markiza, „не ја исполниле обврската“ за вистинито, целосно и навременио информирање од формирањето на неговата нова влада.

„Се додека споменатите медиуми не почнат да ги исполнуваат законските обврски, премиерот Фицо прекинува секаква комуникација со нив“, се наведува во соопштението од владиниот кабинет.  (МИА)