Кошаркарите на Работнички имаа успешен старт на новата сезона во првата македонска лига со моќна партија против составот на ТФТ кого го совладаа во СРЦ „Кале“ со 73:56.
Избраниците на Мираковски прикажаа квалитетна игра која беше довална за да му се одржи лекција на скопскиот ривал. Работнички испрати јасна порака уште во првата четвртина која ја доби со 24-9, па воден од таа енергија му беше многу полесно да дојде до посакуваната цел.
На полувреме беше 40:26, а по 30 минути игра 62-37 со што се беше јасно, чисто кога е во прашање победникот.
Декоси со 14 поени беше прв стрелец, Џелетовиќ уфрли 13, а репрезентативецот Ѓуроски имаше учинок од 12 поени и 9 скокови.Кај поразените најсветла точка беше Луис со 21 кош.