👁️  383

По повод Денот на независноста – 8 Септември, утре од касарната „Илинден“ во Скопје, припадници на единицата на артилерискиот баталјон на Армијата ќе извршат почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Претходно, како што најавија од Министерството за одбрана, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со по еден истрел од шест артилериски орудија

Почесната стрелба е како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на државните празници.