👁️  159

Во полиција утрово во 3:00 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, во близина на наплатна рампа Преод, патничко моторно возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(19) од скопското село Батинци удрило во диви свињи, а потоа и во запрено патничко моторно возило „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, во кое бил возачот Б.С.(26) од скопското село Средно Коњари.

Како што информира МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците од возилото „сеат леон“ А.М.(19) и М.И.(26) двајцата од село Батинци, а со телесни повреди се здобиле В.А. и Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.