Гостиварката со иницијали Л.И., а по професија воспитно-образовен работник се сомничи дека претепала ученик за време на час. Ќе одговара кривично за сторено дело „малтретирање во вршење на службата“.
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Л.И.(53) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата “. На 06.03.2023 во основно училиште во Гостивар, пријавената – наставничка во училиште, за време на час физички нападнала еден ученик“, се вели во соопштението на МВР испратено до медиумите.








