👁️  96

Аферата што неколку месеци ја тресеше Германија, на пат е да добие епилог и тоа благодарение на медиумите од оваа земја.

Во центарот на вниманието е „младиот“ фудбалер на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко за кого долго време се шпекулираше дека е повозрасен од 18 години, колку што му пишува во изводот од матична книга на родените.

Весникот Бунт дошол до документот од главниот град на Камерун, Јаунде, каде е роден Мукоко и во него пишува дека датумот е 19 јули 2000 година, а не 20 ноември 2004, како што е тој регистриран.

дека тој нема 15 години, кога се појавил во младинскиот тим на Борусија. Во кадетскиот тим постигна 90 гола на 56 натпревари, но и покрај укажувањата, од Фудбалскиот сојуз на Германија не сакале да спроведат истрага. Се држеле до основната верзија од Борусија Дортмунд која велела дека е роден 2004 година и така бил заведен во книгите.

Од новите документи, може да се види дека Јусуф Мукоко е, всушност, Јусуфа Мохамаду, а како негов татко е заведен извесен Џозеф Мукоко кој живее со фудбалерот и кој на крајот излегло дека му е очув. Се сомнева дека токму тој им дојавил на новинарите дека документите на фудбалерот се лажни и дека тој е повозрасен.