Во целост ви го пренесуваме соопштението на трикратниот шампион на Македонија, Фудбалскиот клуб Атлетико по прозивката на селекторот на македонската репрезентација.

Нашата голманка Сиљановска Мартина и нашата фудбалерка Димитриоски Мелиса беа повикани за Репрезентацијата на Македонија У – 17 (до 17 години) на кампот што се одржа во Скопје каде Македонија одигра два пријателски натпревари против селекцијата на Романија.


Нашата Младинска Екипа АТЛЕТИКО У – 17 три години по ред се Шампиони на Македонија, а селекторите повикуваат само по 2 девојчиња од нашиот клуб, и тие две добиваат премалку минутажа за да ги покажат своите квалитети, а замислете биле Шампионки со Младинки каде играле по 80 минути и за Сениорки играле секој натпревар по 90 минути, а за репрезнтација премалку минутажа, а од некои екипи кои завршуваат 7-8 на табелата или од нивните екипи си повикуваат по 5-6 играчи. Во секоја земја би било нормално од Шампионот да има најмалку 3-4 играчи, но ете во нашата чудесна Македонија подобри се тие што ќе завршат 7 место, па од тие екипи се повикуваат дури по 5-6 играчи, стои во реакцијата на Фудбалскиот клуб Атлетико.