👁️  467

Сите сакаат втора рунда од мечот Бајден – Трамп во 2024, согласни се и демократите и републиканците за претседателските избори.

Анкетите меѓу гласачите покажуваат дека ниту Трамп ниту Бајден не се имињата што повеќето гласачи сакаат да ги видат на гласачкото ливче во ноември 2024 година.

Републиканците сметаат дека Бајден е „лесна цел“ за обединување на нивната партија, додека демократите, од друга страна, сакаат никој друг освен Доналд Трамп да се кандидира на мегдан со нивниот кандидат, пишува „Политико“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден официјално објави дека ќе се кандидира на следните претседателски избори во САД. Републиканците ја поздравија неговата најава како нешто што им треба, по неколкумесечни поделби во САД околу абортусот, Украина и правните проблеми на Трамп – со ентузијазам.