👁️  40

Америка издаде итно соопштение сите вработени во амбасадите во Ерусалим и нивните семејства да се засолнат во специјалните бункери поради нападот на Иран.

Во Ерусалим, ноќеска, по трет пат се огласија сирените, а во тек се соборувањата на дроновите од страна на американските и британските воени сили. Израелската армија упати повик кон сите градови да се засолнат.

Потпаролот на израелската армија упати апел на звукот на сирените, сите граѓани веднаш да побараат засолниште.

И во неколку израелски градови, веќе се издадени соопштенија сите жители да се упатат кон најблиските засолништа поради опасност од напад, во моментот кога ќе ги слушнат сирените, бидејќи не секоја одбрана е целосно успешна. Иако неколку дронови се соборени, во воздухот се уште има многу кои се упатени кон Израел.

САД продолжуваат „да соборуваат беспилотни летала лансирани од Иран, насочени кон Израел“, изјави во официјален претставник на американската одбрана.

“Американските сили во регионот продолжуваат да соборуваат беспилотни летала лансирани од Иран, насочени кон Израел. Нашите сили остануваат позиционирани за да обезбедат дополнителна одбранбена поддршка и да ги заштитат американските сили кои дејствуваат во регионот- рече претставникот.

Тимовите на Си-Ен-Ен од терен известуваат за експлозии над Тел Авив, кои се чини дека биле напади пресретнати од израелската воздушна одбрана. Има извештаи и за експлозии во областите Бершеба, Мртвото Море и Хеброн на Западниот Брег, како и Голанската висорамнина на границата со Сирија.

Според веб камери што емитуваат во живо, израелскиот противвоздушен систем Железна купола бил активиран на неколку дополнителни локации.

Пресретнувањата биле регистрирани над Ханатон, кој се наоѓа во северен Израел источно од Хаифа, во близина на Назарет, во близина на Модиин-Макабим-Реут и Сафед, во близина на Голанската висорамнина